Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ игра во лоша форма во последно време и никако да постигне гол. Српските медиуми ја открија причината, Лука е во врска со една од најзгодните српски манекенки Софија Милошевиќ.

Тие се забележани како гушнти шетаат низ улиците на Мадрид. Лука и Софија се забавувале лудо и во Белград за време на последниот собир на репрезентацијата за што беше исфрлен од тимот.

Лука е избркан од репрезентацијата поради Софија Милошевиќ. Тој лажел дека е повреден и мора да се врати во Мадрид, но останал во Белград и излегол со оваа манекенка. Селекторот дознал и следеше негово бришење од списокот. Вистината е дека Јовиќ игра слабо бидејќи повеќе внимание посветува на љубовниот фудбал, отколку на фудбалот-пишуваат српските медиуми.

Софија која има 28 години има искуство во врски со спортисти како Адем Љаиќ и Виктор Троицки, а пак Лука има дете од претходната врска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.