Синоќашниот натпревар на „Васил Левски“ помеѓу Бугарија и Англија (0-6) денеска е главна тема во англиските медиуми, а жал го обележа расистичко навредување кон фудбалерите на „Гордиот Албион“ од публиката која покажуваше и нацистички поздрав.

По последниот судиски свиреж и по убедливата победа на Англија од 0-6 со коментар се огласил и Герет Саутгејт кој акцент на прес конференцијата дал на расистичките навреди од трибините.

Како што пренесува новинарот на „Скај Спорт“, Кејв Солекол, еден од бугарските новинари негирал дека навредите биле толку страшни, а пак еден од камерманите го опцул селекторот на Англија на крајот на прес-конференцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.