По стартниот пораз од Австрија, фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за натпреварот од второто коло на Европското првенство против Украина.

Украинскиот стратег, Олександр Севидов кој во моментов работи како стручен аналитичар за медиумите од оваа земја смета дека доколку Украина не ја победи Македонија не заслужува да игра во нокаут фазата.

Австрија и Македонија играа многу примитивен фудбал, но навистина се бореа за секоја топка. Затоа ќе ни биде тешко и со Македонија. Но, дефинитивно сме класа над нив. Ако не ги победиме Македонците, тогаш не заслужуваме да играме во осминафиналето, изјави Севидов.

Натпреварот меѓу Македонија и Украина ќе се игра на 17. јуни на Националната арена во Букурешт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.