Навивачи на Манчестер Јунајтед го блокираа влезот во тренинг комплексот на клубот во знак на протест против влегувањето во Суперлигата, како и против семејството Глејзер, кое поседува мнозински удел во клубот, пренесува „ESPN“.

Како што е забележано, навивачите излегоа на теренот каде тренира првиот тим и бараат „Глејзерси“ да го напуштат раководството на Манчестер јунајтед.

Навивачите веќе долго време ја искажуваат својата огорченост од „Глејзерси“, кои го купија клубот во 2005 година за 790 милиони фунти.

Вчера, косопственикот на Јунајтед, Џоел Глејзер, упати апел по одлуката на клубот да се повлече од Европската Суперлига, истакнувајќи дека клубот го слуша мислењето на навивачите кои беа против новиот проект

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.