Навивачи на Црвена звезда влегоа на теренoт на стадионот „Маракана“ во Белград и го прекинаа куп натпреварот на Звезда против Златибор, при резултат 0:1 за гостите.

Натпреварот требаше да се игра без публика, но тоа не беше проблем за водачот на „Делиите“, со уште неколкумина навивачи, влета на атлетската патека, каде што имаше разговор со тренерот на срвено-белите, Дејан Станковиќ, а потоа и со дел од фудбалерите на тимот.

Како што објавија српските медиуми, причината за инцидентот била тоа што „Делиите“ сакале да одбележат 10 години од смртта на еден од своите водачи, Бранислав Зељковиќ.

Откако навивачите го напуштија теренот, натпреварот продолжи и заврши со победа на Црвена звезда од 4:2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.