За разлика од Букурешт, македонските навивачи нема да можат да патуваат во Амстердам за да ја бодрат нашата репрезентација, ова го потврди и амбасадата на Холандија во Македонија.

Оние кои добија карти за дуелот меѓу Холандија и Македонија нема да можат да ги искористат, нема да можат да патуваат во Амстердам затоа што нашата земја се уште е на листата на држави за кои е забранет влез поради ковид-19.

Во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната за патување“, стои во соопштението на холандската амбасада во Македонија.

И покрај ова се очекува Македонија да има навивиачи кои ќе ја бодрат во Амстердам, таму ќе можат да одат Македонци кои живеат и работат во ЕУ.

Натпреварот меѓу Холандија и Македонија се игра на 21. јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.