На почетокот на натпреварот помеѓу Англија и Хрватска, кој се одигра на стадионот „Вембли“ навивач паднал од трибините и со тешки повреди бил пренесен во болница, потврди за англиските медиуми портпаролот на лондонскиот стадион.

Можеме да потврдиме дека гледачот падна од трибините веднаш по почетниот удар на натпреварот помеѓу Англија и Хрватска на стадионот Вембли. На гледачот му била укажана лекарска помош на лице место, а потоа бил пренесен во болница во сериозна состојба, изјавил портпаролот на Вембли, кој додал дека во истрагата на случајот ќе се вклучи и УЕФА.

Засега не се открива идентитетот на навивачот.

Очевидци сведочат за потресната случка.

Видовме како неговите нозе ја преминуваат преградата, а тој падна и удри на земјата, изјави еден англиски навивач за локалните медиуми.

Натпреварот помеѓу Англија и Хрватска на стадионот Вембли го следеа 22.500 гледачи, претежно домашни. Англија ја победи Хрватска со 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.