Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изајви дека еден играч не е гаранција за успех, а доказ за тоа е елиминацијата на Јувентус во Лигата на шампионите. Тој потенцираше дека Кристијано Ронладо не успеа да му помогне на клубот од Торино да го освои европскиот трон.

Роналдо не му помогна на Јувентус да ја освои Лигата на шампионите, бидејќи тимот, а не поединците ги победуваат натпреварите, изјави Де Лаурентис.

Газдата на Наполи се осврна и на правилото гол на гости за кое се повеќе се води дилема дали да се укине.

Се надевам дека следната сезона ќе се промени правилото кое се однесува на головите постигнати на гостински терен кои според сегашните правила вредат повеќе во случај на изедначен вкупен резултат.

Роналдо беше многу разочаран од елиминацијата на Јувентус во четвртфиналето од елитното натпреварување. Неговиот тим загуби од Ајакс со вкупен резултат 3-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.