Наполи е незапирлив на почетокот на новата сезона во Серија А.

Во шестото коло го забележаа шестиот триумф овојпат против Каљари со резултат 2:0 и со тоа ја зацврстија лидерската позиција со максимални 18 поени.Наполитанците фуриозно го започнаа натпреварот со јасна намера, а тоа е да освојат три нови бода.

Во првите десет минути имаа две добри шанси преку Осимен, а во 11. минута споменатиот фудбалер ја имаше третата среќа. Ја затресе мрежата на гостите од Сардинија за водство од 1:0, асистент беше Зиелински.

По голата следуваше доминација на Наполитанците. Зиелински и Инсиње пропуштаат две одлични можности. Гостите малку затреперија кон крајот на првото полувреме кога Жоао Педро имаше добра шанса.

Зиелински во 47. минута не ја круниса одличната акција на домашниот тим, но славјето пристигна во 57. минута. Беше досуден пенал за Наполитанците, а сигурен стрелец за 2:0 беше Лоренцо Инсиње.

До крајот на натпреварот, уште неколку шанси пред двата гола, но остана 2:0 за Наполи.

Наполи сега има два бода повеќе од Милан и четири бода повеќе од актуелниот шампион Интер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.