Екипата на Наполи многу наскоро ќе го финализира трансферот на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас од Фенербахче. Според турските медиуми, 19-годишниот талент веќе ги договорил личните услови со вицешампионот на Серија „А“, а би можел уште утре да ги мине лекарските прегледи во Неапол.

Се верува турскиот клуб ќе добие околу 15 милиони евра за централниот играч од средниот ред.

Во последниве месеци се шпекулираше дека за него има интерес од Интер, Фиорентина, Борусија (Дортмунд) и Атлетико Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.