Наполи во првиот меч на денешната програма во Серија А со 2-1 ја совлада Бреша во меч од шестото коло. Домаќините по првите 45 минути имаа два гола предност, но во финишот на второто полувреме имаа проблеми по деби-голот на Марио Балотели за својот тим.

Дрис Мертенс во 13. минута и Костас Манолас во судиското продолжение од првото полувреме донесоа 2-0 предност на Наполи кои се обидуваа да се вратат по незгодниот домашен пораз (0-1) од Каљари во средата.

Сепак, во 67. минута од мечот, Балотели беше оставен сам од домашната одбрана и намали на 2-1, предизвикувајќи тесен и интересен финиш на мечот. Интересно, пред мечот, Балотели, на терен ја извади својата мала ќеркичка Пиа, која живее со својата мајка во Неапол во дрес на Наполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.