Во дербито од 20-то коло од италијанското фудбалско првенство, вечерва Наполи со 2-1 го победи Лацио зацврстувајќи се на второто место во Серија А. Домаќините поведоа во 34 минута со голот на Хозе Каљехон, а само три минути подоцна Аркадиуш Милик со фантастичен гол од слободен удар од околу 25 метри зголеми на 2-0.

Лацио намали во 65 минута со погодокот на Чиро Имобиле, но само пет минути подоцна гостите останаа со играч помалку откако беше исклучен Франческо Ачерби.

На табелата води Јувентус со 53 бодови и натпревар помалку, Наполи е втор со 47 бодови, додека Интер е трет со 40. Рома е четврта со 33, а Лацио остана петти со 32 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.