Списанието „Форбс“ објави листа на најскапите спортски клубови на планетата, а интересно е тоа што англискиот фудбалски клуб Манчестер јунајтед забележа пад и испадна од најдобрите пет.

Американскиот рагби НФЛ-тим Далас каубојс е проценет на пет милијарди долари и со тоа ја понесе титулата најскап спортски клуб на светот. Бејзбол-екипата Њујорк Јенкис е втора (4,6 милијарди долари), а фудбалскиот клуб Реал Мадрид е на трето место (4,24 милијарди долари).

На 4. место е Барселона со 200 милиони помалку, а петти е кошаркарскиот НБА-тим Њујорк никс. Манчестер јунајтед, кој лани беше втор тим на листата, сега е на шесто место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.