Репрезентацијата на Германија ја совлада селекцијата на Португалија со 4:2 во дербито од второто коло од Ф групата на Европското првенство.

Португалците ги постигнаа првите три голови на натпреварот, но за нивна несреќа, два во сопствената мрежа.

Резултатот го отвори Кристијано Роналдо, со гол во 15 минута, но неговите соиграчи Рубен Диаш и Рафаел Гереиро сом автоголови направија преврт до полувремето.

Во вториот дел, Каи Хаверц и Робин Гусенс ја обезбедија победата за „панцирите“, по што Диего Жота намали и го постави конечниот резултат.

По две кола во оваа група Франција води со четири бода, Германија и Португалија имаат по три, Унгарија е последна со еден бод.

Во третото коло на 23 јуни, Португалија ќе игра со Франција, а Германија со Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.