Разочарувачката сезона Реал Мадрид денеска ја затвори со пораз на домашен терен од 0-2 против Бетис. Без освоен ниту еден трофеј во сезона кога на клупата на „кралскиот клуб“ се свртеа тројца тренери, со сигурност може да се каже дека Реал на лето го чека целосен „ремонт“.

Зидан замина по освоената титула во ЛШ, а по Лопетеги и Солари, клубот повторно го врати Зинедин Зидан на клупата кој ќе има за задача да го реновира составот за следната сезона.

Најдобрата вест за нас е дека сезоната тукушто заврши. Фудбалерите тешко наоѓаа мотиви да играат затоа што од моето враќање едноставно немавме шанса да се бориме за ниту еден трофеј. Секако, не смееме да заборавиме дека ниту еден меч во дресот на Реал Мадрид не смее да се одигра на ваков начин, изјави Зинедин Зидан по поразот од Бетис на „Бернабе“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.