ајдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо стана најдобар португалски стрелец во историјата на Серија А.

Тој синоќа во натпревар од 27. коло на италијанскиот шампионат постигна еден од двата гола за својот тим на гостувањето кај Болоња. За ова беше 43-от погодок.

Петкратниот добитник на „Златната топка“ го надмина сонародникот Руи Коста кој помина 15 години во Италија, играјќи за Фиорентина и Милан.

Роналдо се пресели во Јувентус во 2018 година. Оваа сезона, 35-годишниот Португалец има 35 голови и 4 асистенции на 35 натпревари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.