Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, порача дека напаѓачот Роберт Левандовски треба да ја добие Златната топка на крајот на годината.

Левандовски ја заслужува Златната топка. Мислам дека треба да го добие признанието, бидејќи во последните три години беше поконзистентен од кој било друг фудбалер. Роберт е многу динамичен, има малку повреди, тренира интензивно – истакна Нагелсман за „Абенцајтунг“.

Полскиот фудбалер минатата сезона настапи на 40 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи 48 гола и девет асистенции.

Во тековната сезона, Левандовски настапи на седум натпревари од германското првенство, постигна седум гола, а има и една асистенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.