Францускиот фудбалер Франк Рибери, кој настапува за Фиорентина, во понеделникот откри дека за време на викендот, додека неговиот тим бил во Парма, неговата куќа била ограбена.

– После враќањето по победата во Парма (2-1), се вратив дома и еве што најдов …“, напиша Франк Рибери на својот Твитер каде исто така објави видео на кое се прикажани лични предмети расфрлани на подот.

Тој вели дека неговата сопруга останала без неколку торби и неколку парчиња накит, но дека таа и децата биле во Минхен во времето кога се случувала кражбата.

Италијанските медиуми пишуваат дека биле украдени вредни предмети од вилата на Рибери, сместена на падините во близина на Фиренца, додавајќи дека по самоизолацијата и другите мерки за борба против ширењето на коронавирусот, криминалот се зголемил нагло по попуштањето на меркит

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.