Домашната Куп сцена доби нов член, Академија Пандев е 14 екипа што го крена победничкиот пехар. Во денешното финале на арената Тодор Проески, екипата до Струмица стигна до титулата после изведување на пенали со вкупни 6-4.

Основните 90 минути завршија со по два гола на двете страни.Академија Пандев уште во 10 минута преку Сашко Пандев стигна до водство. Во 21.минута Робсон Да Силва изедначи од слободен удар. Македонија ЃП стигна и до пресврт со голот на Тантуровски во 84-та минута, а третата екипа после Шкендија и Вардар во првенството извлече продолженија со удар од 11 метри дело на Дориев на 4. минути до крајот.

Во двата екстра периоди од по 15 минути немаше погодоци, а по изведувањето на пенали, Акадамија Пандев со 4-2 успешно ја затвори фудбалската приказна во 2019 година. На другата страна, Македонија ЃП, Куп-победникот од 2006 година по втор пат остана без трофеј во финалето. Екипата од Ѓорче Петров играше финале и во 2009 година кога загуби од Работнички на пенали со 6-5 (1-1).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.