Бразилскиот фудбалер Нејмар откри дека минатото лето сакал да си замине од Пари Сен-Жермен и да се врати во Барселона.

– Сакав да го напуштам ПСЖ, но тоа не беше поради клубот и навивачите. Едноставно сакав да си заминам затоа што се чувствував подобро на друго место, ги цитира „Mundo Deportivo“ зборовите на Нејмар, од документарниот филм на Нетфликс,

Дваесет и деветгодишниот Нејмар играше за каталонскиот клуб од 2013 до 2017 година. Како дел од Барселона, двапати го освои шпанското првенство, трипати шпанскиот куп, еднаш шпанскиот Суперкуп, а исто така ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и клупското светско првенство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.