Покрај Вардар, и Пелистер една сезона беше дел од најсилната југосовенска лига. Тоа беше во сезоната 1991/92 година. Македонија веќе беше независна држава но се уште ја немаше оформено лигата.

Тогаш веќе не учествуваа екипите од Словенија и Хрватска. На 23.2 1992 во Битола дојде европскиот првак Црвена Звезда која се обидуваше под санкции да ја освои втората европска титула.

На теренот Под „Тубме кафе„ истрчаа Белодедиќ, Најдоски, Савичевиќ..од големите ѕвезди недостасуваше Панчев кој беше повреден.
Мечот заврши со рутинска победа од 0-2 за европскиот шампион.

Погледнете како беше тогаш атмосферата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.