На 46 години, во Австралиија почина Гоце Груевски, поранешниот голман на македонската фудбалска репрезентациија.

Тој беше еден од најдобрите голмани во историјата на ПМФЛ во самостојна Македонија. Груевски беше член на речиси сите големи клубови во Македонија:  Победа, Слога Ј, Работнички, Беласица, Вардар, а својата кариера ја заврши во далечната Австралија, во клубот Престон Лајонс каде беше тренер на голманите. Клубот на своите официјални социјални мрежи ја потврди вестта.

Груевски важеше за храбар голман, никогаш не признаваше пораз, секогаш го дваше својот максимум, без разлика каде и за кого играше.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.