Жозе Мурињо откако доби отказ од Манчестер Јунајтед, се уште е без тренерска работа, а во моментов има ангажман како стручен аналитичар во Русија. Во интервју за Дејли телеграф тој вели дека во иднина би сакал да работи некаде каде што сите структури на клубот имаат исти идеи и наместо конфликт меѓу нив, има разбирање и доверба.

Клуб кој се уште не е подготвен за големи трофеи, но со амбиција да освојува големи трофеи, вели Мурињо коментирајќи го својот поранешен клуб, Интер.

Сакам да работам со луѓе кои ги сакам. Луѓе со кои сакам да работам, со кои сум среќен да работам со кои делиме исти идеи. Не сакам да бидам во постојан конфликт меѓу тоа што сакам јас и што сакаат другите. Такво нешто имав во Интер. Има такви клубови. Нормално, тоа е многу важен дел за успешен клуб.

Не сакам внатрешен конфликт. Сакам внатрешно разбирање. А конфликтот е во недела на теренот кога играте против некој кој сака да ги украде вашите три бода. Тоа е моментот на конфликт. Сакам да работам во клуб каде има вистинска структура. Не сакам да работам во структура која не мисли единствено. Луѓето понекогаш зборуваат „тој тренер не сака да работи со спортскиот директор“, „тој тренер не сака да работи со главниот скаут“, „тој тренер не сака да работи со сопственикот“, „тој тренер не сака да работи со претседателот“. Во текот на мојата кариера сум работел во секакви можни ситуации. Најуспешните ситуации не се поради структурата, туку поради разбирањето во структурата, истакнал Португалецот, а изјавата многумина ја протилкуваа како критика кон Јунајтед, каде често се шпекулираше дека Мурињо не е добри односи со управата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.