Тренерот на Рома, Жозе Мурињо изјави дека има намера да ја освои Конференциската лига со римскиот тим.

Освоив трофеј во европско натпреварување коешто повеќе не постои. Тоа беше во 1997/98 година со Барселона, кога го освоивме Купот на победниците на куповите, а јас работев како асистент во тимот. Сега сакам да ја освојам Конференциската лига, која е ново натпреварување. Но, нашата цел не е само да го освоиме овој трофеј, ние сакаме да ги освоиме сите три натпреварување на кое учествуваме – првенството, Купот и Конференциската лига. Секако, Серија А е приоритет за нас, но сакам да го изградам вистинскиот менталитет во тимот – истакна Мурињо.

Досега во кариерата, Мурињо ги има освоено сите европски натпреварувања. Лигата на шампионите ја освои со Порто (2003/2004) и со Интер (2009/2010), во Лигата на Европа славеше со Манчестер јунајтед (2016/2017), го освои и УЕФА Купот со Порто (2002/2003), а има титула и во европскиот Супер Куп со Барселона (1997/1998).

Рома првиот настап во Конференциската лига ќе го има утре (16 септември) на домашен терен против ЦСКА Софија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.