Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, оцени дека на лондонскиот премиерлигаш му претстои уште потешка сезона по пласманот во нокаут фазата во Лига Европа.

Натпреварите од 1/16финалето во Лига Европа ќе се играат кон средината на февруари, а во меѓувреме, Тотенхем целосно ќе се фокусира на своите шампионски амбиции во Премиерлигата, каде поради згуснатиот календар го очекуваат седум натпревари во три недели.

-Дали со толку многу натпревари ќе морам да ги ротирам фудбалерите? Се разбира, невозможно е фудбалер да одигра толку многу натпревари во толку краток период, изјави Мурињо.

По 11 кола во Премиерлигата, Тотенхем е лидер со 24 бодови, колку што има и второпласираниот Ливерпул, а в недела го очекува гостување кај градскиот ривал Кристал Пала

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.