Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард, зборуваше за соработката со поранешниот менаџер на клубот, Жозе Мурињо.

– На Мурињо навистина не му се допаѓаше кога неговите играчи беа повредени. Тој дури и не сакаше да чуе за тоа. Се што можев да кажам беше: „Не сум јас виновен, шефе!” Генерално, јас и Мурињо имавме одлични односи. Тој се однесуваше добро со мене. Пред да се повредам, ми веруваше, ме стави во составот за важни натпревари. Освоивме пехари, тој ме направи победник, изјави Лингард.

Играчот од средниот ред зборуваше и за неочекуваните телефонски повици на Мурињо.

 

– Уживаше и во личната комуникација со играчите. Понекогаш неочекувано се јавуваше. Беше чудно. Еднаш се јави и праша: „Џеси, што правиш?“ Јас одговорив: „Се одморам, гледам телевизија“. Потоа имаше пауза, па јас прашав: „Ти што правиш?“ Ми беше многу смешно. Тоа покажа колку е загрижен за играчите, истакна Лингард.

Мурињо беше тренер на Манчестер јунајтед од 2016 до 2018 година. Под негово водство, клубот го освои Лига купот и Суперкупот на ФА, а исто така ја освои и Лига Европа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.