Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо му порача на Герет Бејл повеќе да тренира и на тој начин да се избори за повеќе време на натпреварите.

Фудбалерот одигра само четири натпревари во Премиер лигата откако се пресели од Реал Мадрид на позајмица во септември 2020 година.

– Не можам туку така да им дадам време на играчите. Знаеме дека Герет беше во проблеми последните неколку сезони. Сега е важно за него да тренира доследно и ефикасно. Кога фудбалер редовно вежба, тогаш е подготвен за натпревари. Така заработува минути на теренот. Бејл ќе игра кога ќе почувствува дека имал навистина продуктивна недела на тренинг, изјави Мурињо за „Ројтерс“.

Триесет и едногодишниот Бејл на четирите натпревари на кои доби шанса за настап, постигна еден гол.

Вечер од 20:45 часот Тотенхем ќе игра во ФА купот со Вајкомб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.