Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, по натпреварот од Премиер лигата со Кристал Палас (4:1), иронично зборуваше за перформансите на тимот.

Лондонци оваа сезона постигнаа 100 гола на сите турнири.

– Ако статистиката е точна, тогаш 100 погодоци по сезона за дефанзивен и лош тим не се лоши. Добра недела за нас – три натпревари, девет бода. Не може да има ништо подобро од освојување максимален број бодови оваа недела пред големите натпревари во Европа и со Арсенал следната недела, рече Португалецот.

По 27 натпревари во Премиер лигата, Тотенхем се наоѓа на 6. место со 45 бода

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.