Доколку Шкендија го елиминира романски Ботошани, ќе го пречека англиски Тотенхем.

Лондонскиот тим игра против Локомотив Пловдив, но е огромен фаворит за триумф, што значи дека англискиот гигант би можел да гостува во Скопје.

Таквиот расплет би значел второ гостување на Жозе Мурињо во Скопје.

Претходно, „специјалниот“ беше тренер на Манчестер Јунајтед против реал Мадрид во Супер-Купот во 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.