Жозе Мурињо одбива да разговара со новинарите по отказот од Манчестер јунајтед, Португалецот во релаксирано издание културно ги одбегна прашањата.

Мурињо до новинарите кои го пречекаа пред неговиот дом: Ако сакате да прошетате со мене, ајде!
Жозе Мурињо одбива да разговара со новинарите по отказот од Манчестер јунајтед, Португалецот во релаксирано издание културно ги одбегна прашањата.

„Специјалниот“ се уште се нема огласено откако синоќа остана без работа. Тој имаше средба со новинарите на излегување од хотелот во кој престојуваше дури 895 дена по преселбата во Манчестер, но реши да не даде никаков коментар.

Новинарот на Скај Спортс одново си ја проба среќата денеска, го начека Португалецот на улица во Лондон, но Жозе Мурињо во релаксирано издание ги одбегна прашањата.

„Изгледа не можам да излезам ниту на прошетка?“ – рече Португалецот со насмевка на лицето кога му се доближија новинарите.

Потоа следуваа неколку прашања, а одговорот беше ист: „Немам што да ви кажам“.

Новинарите настојуваа да извлечат нешто, но добија само покана за прошетка: „Ако сакате да пешачите со мене, ајде ќе појдеме до Батерси“.

Останува да се види колку долго Жозе Мурињо ќе биде невработен, веќе денеска се појавија гласини дека Реал Мадрид стапил во контакт со стратегот и му понудил договор.

мкд.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.