Неверојатна ситуација се случила во англиската Лига 2 (четврта лига) на мечот Гримсби – Братфорд, кога Стефан Пејн му удри глава на својот соиграч Филип Мораис, па избега кон соблекувалните, но судијата успеа да го фати.

Инцидентот се случи на крај на првиот дел, ама Пејн не се спаси. Судијата го фати пред влезот во соблекувалните за да му покаже црвен картон. Сега се очекува Пејн да се соочи и со казна од клубот за својот неспортски однос кон соиграчот.

Извор: Спорт1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.