Напаѓачот на Реал, Винисиус Жуниор изјави дека сака да ја помине целата своја кариера во мадридскиот клуб.

– Јас сум 100% сигурен во Реал Мадрид, во Зидан, во сите играчи и во Флорентино Перез, кој се нарекува мој главен навивач по моите родители. Сакам да останам засекогаш во Реал Мадрид, сакам да му помогнам на клубот да гради историја, да постигнува повеќе голови, да правам повеќе асистенции, да играм и да победувам, истакна Винисиус за шпанското издание на „Спорт“.

Дваесетгодишниот Бразилец се приклучи на Реал Мадрид во 2018 година од Фламенго. Фудбалерот одигра 98 натпревари за клубот од Мадрид, постигна 11 гола и оствари 20 асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.