Ѕвездата на Барселона со еден свој потег пред речиси десет години, воодушевил противнички фудбалер и тоа не на фудбалскиот терен. Во 2010 година во Колумбија имаше катастрофална поплава во која загинаа 174 лица, 225 беа повредени, а 19 исчезнати. Повеќе од милион луѓе беа раселени поради катастрофата.

Колумбискиот фудбалер Фабијан Варгас играше за тимот на Алмерија. Пред дуелот со Барселона, Варгас побарал помош од Меси. Сакал да го добие неговиот дрес и подоцна да го продаде на аукција, a со парите да помогне во својата татковина.

Фудбалерот на Барселона веднаш се согласил и му рекол дека ќе му го даде дресот по натпреварот. Каталонците тогаш ја прегазија Алмерија на гостински терен со неверојатни 8-0. Потиштен од дебаклот, Варгас комплетно заборавил на дресот на Меси.

Бев толку многу нервозен и уништен, што веднаш по последниот свиреж на судијата заминав во соблекувалната. Заборавив дека разговарав со Меси пред натпреварот. Наеднаш дојде нашиот економ во соблекувалната и ми кажа дека некој ме бара надвор. Кога видов кој е се шокирав. Тоа беше Меси, кој во себе имаше една мала торба. Се сеќавам дека ми рече, ‘еве повели, ова е сè што успеав’. Му се заблагодарив и го прегрнав, мислејќи дека во торбата го има неговиот дрес. Се вратив во соблекувалната и ја отворов торбата. Таму не само што беше дрес на Меси, туку и од Чави, Иниеста, Карлес Пујол и Дани Алвеш. Тоа нема никогаш да го заборавам. Навистина би сакал тоа момче да ги сруши сите фудбалски рекорди. Поради тоа што го направи тој ден, во мене има доживотен навивач“, изјави Варгас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.