Игор Ангеловски и натаму ќе биде селектор на македонската фудбалска репрезентација. Ангеловски и ФФМ се согласија да биде потпишан нов договор кој е важечки до 2020 година, со што мандатот на селекторот се продолжува за една година. Стариот договор на Ангеловски беше важечки до декември 2019.

Со постигнатите резултати во изминатиот период Игор Ангеловски апсолутно ја оправда нашата доверба и го потврди вистинскиот избор на Управниот одбор на федерацијата. Постигнатиот договор за продолжување на соработката сведочи дека имаме заеднички интерес, а тоа е успех на македонската репрезентација.

Ние како раководство на федерацијата, на Игор и на сите во репрезентативниот тим ќе им осигураме максимални услови за работа и подготовка, сѐ со цел да се остварат резултатите кои ги посакуваме. Јасно е дека добриот резултат е единственото мерило за успех и искрено се надевам дека ќе продолжиме во таа насока. Посакувам многу среќа и успех во натпреварите“ – изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.