Каталонците беа бесни на судијата Манцано, па искусниот Жерар Пике се спушти долу на теренот протестирајќи за недосудениот пенал, но и за краткото продолжено време од само четири минути во бурното второ полувреме.

Искусниот дефанзивец воопшто не играше на натпреварот, но по последниот свиреж реши да им каже збор-два на Манцано и на неговите помошници.

Пике беше бесен, а во целата ситуација изеде и сеир од Лука Модриќ, кој излегувајќи од теренот го „пецнал“ Шпанецот.

„Зошто се симна, зарем пак дојде да се жалиш“, му рекол Модриќ на Пике, пренесуваат шпанските медиуми.

Извор: Екипа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.