Во 1975 година, Славиша Жингул го предводеше Хајдук до титулата шампион на Југославија и Купот на Маршал Тито, а  Мишо Ковач победи на Фестивалот за поп музика во Сплит со песната „Не можам да не ја сакам“.

На денешен ден, 2021 година, во годината во која Хајдук го слави својот 110-ти роденден, а Мишо го прослави својот 80-ти, легендарниот пејач доби можност да отпее навивачка верзија на рефренот што редовно се пее од трибините на натпреварите на неговиот омилен клуб од средината на 1980-тите.

Ковач заедно со групата ТБФ ја преработија оваа легендарна песна. Слушнете ја овде.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.