Во претпоследниот натпревар од 8. коло во Италијанското фудбалско првенство, синоќа Милан одигра 2-2 со Лече. Милан секунди го делеа до трите бода, но прими гол во судиското надополнување и освои само бод.

Стрелци на головите за Милан беа Хакан Чалханоглу (20.минута) и Кшиштоф Пјонтек (81). За гостите реализираа Хума Бабакар (62) и Марко Калдерони (90+2).

Овој натпревар беше прв за Стефано Пиоли на тренерската позиција во Милан.

„Росонерите“ со 10 бода се на 12.место, додека Лече има седум бода и се наоѓа на 15. позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.