Избраниците на Џенаро Гатузо стигнаа до три важни бода против конкурент за топ четири пласман откако вечерва Милан ја победи Аталанта на гостински терен со 1-3.

Домаќините поведоа преку Фројлер, на голот кумуваше и Донарума, кој со неспретна интервенција придонесе топката да заврши зад неговиот грб. Но Пјонтек со магичен потег во последните мигови од првиот дел ги врати гостите во живот и изедначи на 1-1.

По десет минути игра во вториот дел, Милан направи комплетен пресврт. Чалханоглу од работ на шеснаесетникот испрати „проектил“ и донесе 1-2. Во 61. минута беа решени сите дилеми. По еден корнер, Пјонтек скокна највисоко и реализираше со глава за 1-3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.