Раководството на Милан одлучи да го казни својот фудбалер, Франк Кеси со 40 илјади евра поради инцидентот со својот клубски колега, Лукас Биља на мечот против Интер (2-3).

Кеси беше заменет во 69-тата минута, па незадоволен од резултатот и од измената, на патот кон клупата тргна да се пресмета со Биља. Тој на неколку пати замавна кон Аргентинецот, а единствено брзите реакции на соиграчите спречија ситуацијата да ескалира.

„Росонерите“ почекаа дазавршат меѓународните обврски и Кеси да се врати за да го информираат за паричната санкција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.