Тренерот на италијанскиот тим Болоња и легендарен српски фудбалер Синиша Михајловиќ во едно интервју раскажува за „патешествијата“ на пехарот што Црвена ѕвезда го освои во 1991 година во тогашниот Куп на европски шампиони во Бари.

Михајловиќ признава дека тој и неговите соиграчи воопшто не внимавале на пехарот, иако за нив претставувал најдрагоцен предмет.

Како што рече, македонскиот легендарен фудбалер Дарко Панчев, кој беше дел од таа шампионска генерација, го побарал пехарот да го однесе во Македонија, но наместо да го стави на витрина, тој го носел по свадби.

– Тој пехар беше секаде. Јас го носев во Борово, а Југовиќ го носеше во својо крај. Потоа стоеше кај Биниќ во багажникот, па кога одевме по кафани, го вадевме на маса и од него пиевме. Но, во еден момент, доаѓа Дарко Панчев и го бара пехарот да го носи во Македонија. Биниќ му го дае, а Панчев со него по свадби. Тој пехар беше целиот уништен и мораа да направат нов. Оној од „Маракана“ не е оригиналниот, да знаете, направен е повторно оти оригиналниот беше искршен – раскажува Михајловиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.