Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ во интервју за италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ зборуваше за својата борба со леукемијата, но и за навредите кои ги добивал, најчесто од навивачите на Јувентус.

Претходно ми требаа непријатели за да одам напред. Можеби и сега. Но, по тоа што го поминав со болеста, сега сум како светец. Сега, секој ден двајца-тројца ме замолуваат да пратам некоја порака за охрабрување за нивните најблиски. Ми носат и деца, и тоа малку ме излудува. Јас, кој секогаш наводно ги делев луѓето, сега ги обединувам? Веќе никој не ми свирка, никој не ми вели дека сум ’српски Циган’. Сега наместо тоа ми дофрлуваат: ’Тој е феномен’. Веќе не знам против кого сум. Ете, на изборите гласав за Салвини за да предизвика многу реакции, да имам непријатели“, вели Михајловиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.