Поранешниот српски фудбалер и тренер на италијанска Болоња – Синиша Михајловиќ, се опорави од коронавирусот, откако два теста потврдија негативен резултат, пренесува италијанскиот весник „Република“.

Според изданието, Михајловиќ утре продолжува со редовните тренинзи со клубот.

Михајловиќ беше позитивен на коронавирус по одморот на Сардинија, иако српскиот тренер немал никакви симптоми, потсетува „Република“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.