Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ објави на фејсбук дека заедно со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски купиле карти за спас на фудбалскиот клуб Вардар.

Акцијата која ја започнаа „Комити“ за „спас на клубот“ е максимално успешна затоа што до сега се продадоа 20.000 билети.

„Комити“ започнаа со акција во која се продаваа билети за првиот меч од вториот дел од сезоната против Пелистер кој се игра во недела од 14:00 часот. Со оваа акција тие помогнаа во клубот да влезат над 30.000 евра, околу два милиони денари. Таа сума ќе помогне да се иструка актуелната сезона.

Со љубов за Вардар. Можеби и премалку но во рамки на можностите карти за поддршка на брендот на Скопје. Тие го уништија, фановите ќе го кренат. Напред Вардар!, објави Нелоски.

Со љубов за Вардар. Можеби и премалку но во рамки на можностите карти за поддршка на брендот на Скопје. Тие го уништија, фановите ќе го кренат. Напред Вардар!
#ЕденЖивотЕднаЉубов

Posted by Владимир Нелоски on Saturday, 13 February 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.