Натпреварот од последното коло во Групата Ф од Лигата на шампионите меѓу Аталанта и Виљареал е во опасност поради интензивните снежни врнежи во Бергамо.

Снегот многу брзо го покрива теренот на „Гевис“ стадионот што предизвикува интензивна и тензична активност на службите за одржување на теренот.

Судиската екипа предводена од Англичанецот Тејлот, веќе одлучи дека дуелот ќе се игра со портокалова топка, но почетокот на средбата, сепак, ќе зависи од тоа дали временските услови ќе дозволат теренот да биде во состојба за него да се игра натпревар од најслиното клупско натпреварување во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.