Фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси обелодени дека се соочува со многу здравствени постковид проблеми, пренесуваат француските медиуми.

Меси на почетокот на оваа година се зарази со коронавирусот, а аргентинскиот фудбалер тврди дека му било потребно многу време за да се врати во форма по закрепнување од болеста.

Искрено, жал ми е што не ги слушав лекарите. Морам да кажам дека таа болест ме погоди и остави белег во мене. Особено на белите дробови, рече Меси.

Тој истакна дека по прележување на вирусот прерано се вратил на теренот, иако лекарите го советувале да мирува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.