Во 2017 година, Лионел Меси го продолжи договорот со Барселона за уште четири сезони. Со насмевка, Лео потпиша соработка со каталонскиот гигант, а очигледно насмевката беше со голема причина. Аргентинскиот репрезентативец дал согласност за договор од милионска сума, пари кои легнале на неговата сметка, а претставуваат рекорд во светскиот фудбал.

„Ел Мундо“ на насловната страница на неделното издание тврди дека има копија од договорот потпишан од Меси, кој е вреден повеќе од 555 милиони евра. Меси, наводно, во изминатите четири сезони инкасирал 138 милиони евра годишно со дополнителни бонуси.

Аргентинецот зел нешто повеќе од 115 милиони од бонусот само за потпишување на нов договор, и скоро 78 милиони од бонуси за лојалност кон клубот.

Овие неверојатни бројки го ставаат Меси на врвот на спортистите со најбогат договор досега, па така во последните години, Барса на својата легенда и платила нешто повеќе од 511 милиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.