Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси стигна на 4.место според одиграни натпревари во Лигата на шампиони. Аргентинецот вечерва се најде во почетниот состав на Каталонците за четвртфиналето против Баерн Минхен. За капитенот на Каталонците, оваа е 143. Меч во елитната лига.

Во оваа статистичка категорија Меси го престигна Раул, кој имаше 142 натпревара (130 натпревари за Реал Мадрид и 12 за Шалке).

Меѓу сегашните играчи, Аргентинецот е втор, по ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој одигра 170 средби.

И во Барселона, Меси е втор, зад неговиот долгогодишен соиграч Чави кој забележа 151 натпревар.

Апсолутен лидер во Лигата на шампионите е Икер Касиљас со 177 натпревари (150 за Реал и 27 за Порто). Ова лето, тој се пензионираше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.