Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, сепаќ ќе настапи во полуфиналето на шпанскиот куп против Реал Мадрид. Првиот дуел од пресметката на лутите ривали ќе се одигра во среда.

Според „АС“ повредата на 31-годишниот Аргентинец здобиена на средбата со Валенсија од 22. рунда во Примера против “Валенсија” (2-2) не е сериозна. Меси нема да биде подложен на дополнителни медицински испитувања, туку ќе почне да тренира со останатите од тимот како и обично.

Аргентинскиот ас оваа сезона одигра 27 натпревари за Барселона, постигна 29 гола и запиша 12 асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.