Репрезентација на Аргентина одигра нерешено 2:2 на пријателски натпревар со Уругвај синоќа во Тел Авив.

Уругвајците беа на прагот да слават победа, но фудбалерот на Барселона, Лионел Меси со гол од пенал во судиското надополнување ги постави конечните 2:2.

Претходно Меси му асистираше на Серхио Агуеро (63. минута) за во тој момент 1:1.

Головите за Уругвај ги постигнаа Едисон Кавани во 34. и Луис Суарез во 68. минута

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.