Капитенот на Барселона, Лионел Меси беше незадоволен од работата на судијата Хајме Латре на синоќешниот натпревар од 29. коло во Ла Лига против Ваљадолид (1:0).

Доколку Аргентинецот добиеше жолт картон на овој меч, ќе го пропуштеше дербито со Реал во следното коло. Во истата ситуација беше и играчот за врска на Барса, Френки де Јонг.

Камерите на телевизијата „Мовистар +“ ги овековечија зборовите на Меси за работата на судијата, упатени до делегатот Карлес Навал:

– Тој бара изговор да ми ја покаже картата. Бууу, неверојатно, реагираше Меси.

Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е закажан за 10 април

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.